Така се родил тој синџир на злото, нели? Не ви објасниле?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По неколку луѓе секоја година умираат од екстази, иако причините за ова сѐ уште не се сосема јасни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Е, отсега да знаеш: злото е создавано алка по алка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нејзините постапки се чинат сосема јасни, потребни па дури и неопходни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Последиците не биле сосема јасни а животот одамна го има поучено човекот дека е подобро со ново зло да му се затрупа трагата на поранешното, одошто да се плаќа во готово веќе сторената штета!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)