И по законот на ноќта во Белата Долина, која некој ја нарекол бела сигурно во една ваква ноќ, од некаде од далечината почнаа и сега да поникнуваат дивите писоци, целите во некакви кристални одзвуци и на некој начин сосема свои, сосема домашни, тука, во овој бел заблескотен свет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше убаво тоа чувство – да се има нешто свое, сосема свое што со никого не мора, а и не треба, да се дели.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но, исто така беше убаво да се има некој кому може сè да му се довери.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)