Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот и не е сосема сигурен дали Мојсеј кога се симнувал од Синај кој, се разбира, не му е ни до глуждови на врвот на светот, сал туку мрморел и се допрашувал: каква смисла има секое качување кога неизоставно завршува со слегување?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
„Сите млади обично се такви. Напати и непресметливо злочести. Треба да си похрабар и поснаодлив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Добро, простете ми, не сум сосема сигурна што од ова е речено а што е плод на моето вообразување, но од ваквите гледања на нештата, како и од заклучоците што можат да се извлечат од нив, можам само да се оградам (се разбира од ова место каде што се наоѓам сега и од кое за жал пораките нигде не втасуваат).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Не биди сосема сигурен дека се шутраци“, си замислував Даскалов како ме теши со она потчукнување по моето рамо.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А зошто не им го рековте тоа вие? Татковците се секогаш похрабри од нивните деца“ му велам јас но тој не се согласи со мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но зошто да го правам тоа, и дали воопшто да постапувам така кога знам дека моите размислувања подобро ќе ги сфатите ако ви порачам да го отворите вашиот приватен магазин или склад во кој се сместени но не за распродажба туку само за разгледување, како во приватен изложбен салон, сите дребулии на вашите мечтаења.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако им речеше на пример дека јас сум ти татко ќе видеше како лицата ќе им се преобразеа“, ми вели Даскалов и се смее.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали пеевме добро не сум сосема сигурна, бидејќи некаде кон средината на песната го здогледав татко ми како тивко влегува во салата и седна во првите редови.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во оваа студена снежна дивина, во темните шумски патеки по кои му одеа чизмите, тој сега стана сосема сигурен во една работа – беше сам.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Траеше сѐ дури набргу потоа не беа сосема сигурни оти местото во животот и сега останало непронајдено; ни времето дочекано; и на сите им беше од тоа мака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ додека не беше сосема сигурен оти сето се свршило добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, и покрај сето тоа не беше сосема сигурна во крајниот исход.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие очи беше сосема сигурна дека ги имаше некаде видено. Но каде и од каде?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Имаше таа искуство во вакви состојби, беше сосема сигурна дека ова е уште една несакана бременост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Длабоко во себе, знаејќи го табиетот на Долгиот, беше сосема сигурна дека и тој ќе се сложеше со нејзината одлука.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше сосема сигурна дека ова е само затишје пред некоја голема бура.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше сосема сигурна дека при следен бродолом ќе потоне за навек.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во претсобјето пред вратата од собата слушна музика, или му се причини, не беше сосема сигурен од каде доаѓа звукот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од спротивната страна на жицата до неговите уши допираше метално чист глас кој по својата боја му беше познат, беше сосема сигурен дека го имаше слушнато и порано, но не знаеше кога и од кого.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаеше, беше сосема сигурна ако им се вкрстат погледите, денот ќе ја загуби убавата пурпурна боја која што ја имаше утрото.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, беше сосема сигурна дека истото како слепо кутре доаѓа да гризне залак и пак да го снема.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Каде си!? - и на крајот, откога беше сосема сигурен, тој излуде од среќа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не беше сосема сигурен: повеќе наликуваше на здив од нечие присуство.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
– Помеѓу мене, жените и Непознатиот во соседната соба немаше посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никогаш! - одговорив сосема сигурен во моите сознанија и во најкуси црти му го раскажав она што го бев слушнал од собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Уште еден обожавател, ништо повеќе – се засмеа таа кокетно од прегратката каде што, така барем мене ми се чинеше, се чувствуваше сосема сигурна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И покрај раштрканоста на помислите забележав, поточно почувствував, како прстите ми шетаат по телото, секаде каде што ќе втасаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Велам дека сум се будел но дали точно се изразувам не сум сосема сигурен!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова го спомнувам само затоа зашто сега веќе сум сосема сигурен дека токму тоа беше оној клучен момент во мојот живот што подоцна секој ден грижливо ми ја отчукуваше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Владееше некоја сеопшта премолчана доверба, опуштеност на луѓето навикнати на мир, сосема сигурни дека веќе никогаш не ќе има проблеми.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Еднаш рече: Значи син ми се откажал од Господа!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали поради желбата да го прикрие срамот од бојадисаните раце; или поради големите плодови; или затоа зашто тебе те виде а и ти засмејан гледаше во неа; или во прашање беше нешто сосема трето; знаеш, тогаш таа веќе беше во оние години кога и не си сосема сигурен дали детето ти се смее од нејзиното лице или пак девојката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„О, јас сум сосема сигурен“, додаде татко ти, „дека и во двете војски речиси рамномерно беа застапени и крадците, и убијците, и шпионите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа беше неговата највисока осуда.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но во едно сум сосема сигурна: никогаш не те осудуваше. Дури ни во помислите“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Обидете се да ги разберете комуникационите потреби на целната група исто како и на еден посебен човек.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби вашиот шеф наутро е чист благородник, во текот на денот кај него се појавува една сократска црта, за да на крајот од денот, кога полека ги губи нервите, пак стане благородник.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако не сте сосема сигурни која е омилената комуникациона метода на вашата “публика” (претпоставените, подредените, клиентите итн.), прашајте ги.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тито бил заговорник на идејата на монолитно еднинство на европското комунистичко единство на европското комунистичко движење со раководен центар во Москва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на резултатот од плебисцитот, тој бил сосема сигурен во крајниот исход, прогласување на "слободна Македонија", од што се плашеле и Грците и гркофилски настроените експерти на Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа нивна сигурност произлегувала од фактот дека "Црвената армија веројатно ќе оствари контакт со партизаните", а тоа, во секој случај, ќе ја зацврсти позицијата на НОД, предводено од комунистите, и ќе ја зацврсти позицијата на Јосип Броз Тито, како врховен командант на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на Албанија сметале дека за Советската влада таа е интересна само преку „локалното комунистичко движење на отпорот“ и тоа што можеле да го „поврзат кругот меѓу Тито и ЕАМ во Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, Британците биле решени со сите можни средства да се спротивстават на секој договор меѓу Југославија и Бугарија што како таков би бил само „првиот чекор кон евентуална федерација“, а во која, тие биле сосема сигурни, дека „првенство би им се дало на југословенските аспирации спрема Грција“. 148 Колку и да настојувал Черчил преку формирањето на единствената југословенска влада да задржи нешто од британските интереси во Југославија, сепак дошол до сознание дека Тито е еден од најголемите приврзаници за што поцврсто единство на КП и источноевропските земји на „народната демократија“, под неприкосновеното водство на советската партија и Сталин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Биле сосема сигурни дека како и во случајот со Романија ќе настојуваат да се формира "пријателска влада, врз која тие ќе имаат контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Основната причина за слободното манифестирање на македонските национални чувства во реонот на Лерин Еванс ги гледал, пред сè, во слабоста на Грчката влада и нејзината бавност да го воспостави авторитетот на државните органи во областа Лерин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на Југославија биле сосема сигурни, имајќи го предвид она што се случувало на теренот, дека "Тито, со сопствени сили и со наша поддршка, веројатно ќе се појави како водечка сила, го сакале ние тоа или не, како резултат на граѓанската војна против Србија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа е она што ми се допаѓаа кај Рцевски во неговите делови од Attiice: многу се “рајлиевски”. К: Иако јас мислам дека ваквата употреба на музиката која е наклонета кон публиката и тоа го признава претставува спротивност на она што ми се чини дека го прави револуционерниот став... Б: Не сум сосема сигурен... К: ... затоа што го задржува статус кво-то и го менува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа не го прави она што реков дека музиката треба да го прави: да ги зајакне луѓето и да ги промени. Б: Да, го прифаќам тоа, но не сум сосема сигурен.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
ЈА САКАТЕ ЛИ ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
3 Или како што вели Simon Frith: “Критичарите на средствата за масовно известување од секогаш се сосредоточувале на ефектите на овие средства - ефектите на телевизијата врз децата, на весниците врз гласачите, на рекламите врз потрошувачите, рокенролот врз тинејџерите итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пред четириесет години едвај постоеше нешто како што се сериозни студии на популарната култура со што денес главно се занимаваат културните студии.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тешкотиите на таквото третирање на рокот не се само теоретски: ако рок публиката не е можно да ја разбереме едноставно како „празна“ и подложна на ефекти, така и индустријата на грамофонски плочи не можеме да ја разбереме како едноставна „причина“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Самиот честопати не сум сосема сигурен дека на таа тема можат да кажат нешто повеќе и подобро од нив двајца.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така Martin Jay вели дека на Adorno му била популарната култура (на која што самиот ѝ го дал изразот културна индустрија) толку несимпатична, што, како што признал подоцна, буквално нејзината цел понекогаш ја осудувал однапред, а и во однос на нејзината сметкаџиска, заговорничка природа не бил сосема сигурен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Овој дел од патувањето на двајцата војници, одбележува една историска епоха, ја бележи апсурноста и трагичноста на таа војна, која воглавно се отсликува преку нивните регистрирани доживувања (низ исповедта на нараторот, кој знае сѐ, но не е сосема сигурен), без да се свесни, или се нецелосно свесни протагонисти на тие дејанија...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Кога ќе дојде време – мирно реков јас, и бев сосема сигурна во тоа што го зборувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Гајле ти е тебе, ти го имаш Игбал, ти пишува дури од Индија – се пошегува Мацка и ми се стори дека малку ми се потсмева.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Е, па, и ти нему му се допаѓаш – заклучи Лета. – Ми кажа другар му. Вели, од ум и од уста не ја вади онаа Бреза.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)