Од тие причини тој на Балканот го испратил Вилијам Донован, кој по посетите на Бугарија и Југославија заклучил дека германските војски на Балканот можеле да бидат поразени само во случај: "...ако ги придобијат Југославија, Грција и Турција - ако може и Бугарија - да ѝ се придружат на Англија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како што спомнавме и претходно, и американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт бил сосема согласен со Британците дека на Балканот би требало да му се зададе дефинитивен удар на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)