Автомобилот, секако, не се паркираше во кујно-гаражо-влезо-излезот; ќе беше премногу нехигиенски да се чува автомобил во исто место каде што се подготвува храна - па затоа тој си беше паркиран надвор, пред оградата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Еве, на пример, тука, на шанкот имам испрскано специјално средство, слично како тоа што е на трпезариската маса, ама не исто и треба да отстои одредено време без ништо да се става на површината, - тетка ми малку подзастана за пак да подголтне, - па сакам, ете, да биде специјално убава куќата - каква што е и сега за тебе! - тетка ми заврши со објаснението и ми упати една голема, искрена насмевка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)