Тоа беше празник на душата, празник на сѐ најубаво што беше таа, со сите свои копнежи и мечти.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кумовите Танаско и Пена, единствените сведоци на раѓањето на Пеличка, дошле да ѝ пожелат сѐ најубаво сега на почетокот на школувањето, да биде здрава, умна и убава, да стане голем човек оти ете има можност да учи на македонцко школо со македонцки лаф и со македонцко писмо.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Драго ми беше што се запознавме. Пријатно и сѐ најубаво.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)