таму (прил.) - нема (гл.)

Секогаш е барем малку потаму од тоа место иако ни таму нема да го најдеш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Завртеа до станица. Таму немаше веќе никој, само двајца парталави сечачи седеа во пустата чекална, загрижени и ќутливи, а наземи дисаѓите нивни се проѕеваа отчаено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таму нема човештина, ќе ме отепаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас мислам најдобро е сега да свртиме накај црквата. Таму нема никој.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој ја наследи мандолината од брат му.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откако заврши основно училиште, брат му се запиша во средно градежно, а таму немале мандолински оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во непристапните мариовски планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Мариово, Мариово. Зар таму нема да ги најдеме? — проговори Дургут и му се испули на Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не, таму немаше богаташи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во Карпа 4 имаше повеќе кладилници отколку пиљарници. Таму немаше завојувани страни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но ни таму немаше ни трага од Татковото име.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А таму немаше многу што да се види. Крв, крв и овд-онде по некое бело и по некое сиво влакно, единствени остатоци од мртвата овца и кучето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Па покажа околу себе, ама таму немаше ништо освен тотаци свежо исмесена глина и млади луѓе со престилки како калфи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму немаше да сретне никого и пред никого не ќе мораше да наведне глава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КАТА: Зошто, таму нема такви работи?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во такви околности, учесниците можат да си дозволат да си ја распуштат косата и да не се прават подобри или посекси одошто се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може тоа да си биде доволно за забавна и ведричка вечеринка, но таму нема да има сексуална возбуда – а како повод за мешање, како можност за романса, сигурно ќе биде тапа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Од тоа таму нема никаков белег...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- За таму нема никаков пат – рече учителката. – Има само ниви. - И бункери – помислив, бидејќи од тука се гледаат бели тркалезни бетонски капаци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А што барате таму? Имате некои роднини? - Не, таму немаме роднини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму нема ништо, освен едно малечко црквиче што го изградиле Лобанчени кои живеат во Австралија. ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево – старото село. Таму нема жива душа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму нема ни вик, ни крик. Ни глас се слуша.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така имињата: Србин, Бугарин и Грк си ја ислужија својата служба во Македонија и за низ таму нема веќе место.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
70. Ако не се лажам, Комитетот и Организацијата очекуваа помош не од Русија, а од Бугарија, зашто во Македонија, според разбирањата нивни и на Егзархијата бугарска, живеат Бугари. Руси таму нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не одеше да посети некого, зашто таму немаше кој да го пречека.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И гледај, таму немаше ништо од надворешната убавина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И ние се разбудувавме и наѕиравме кон купиштето пепел со гламносани коски. Ама таму немаше ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму нема бегање, нема разминување, рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму каде што преводот не е добар, и впечатокот за авторот не е добар, таму нема место за книжевноста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Би сакала да ѝ пратам телеграма, пакети, да знам дека ѝ се добро децата или дека нема деца – зашто ми се чини дека таму немам деца – и ѝ треба утеха, сожалување, бонбони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш се истегнав во креветот, здрвена и речиси завивам, речиси трчам да ја разбудам мама, да ја гризнам за да се разбуди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Купувам пиво и се обидувам да го 85 оставам на масата, но таму нема ништо, така што за малку ќе го испуштев.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги затворам очите на подиумот и се губам во басот и во личниот торнадо од топлина што се врти силно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таму немаше повеќе што да се освојува. Нема жар, нема предизвик.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Постојат наши заслужени кадри, со многу повеќе години од вас, кои ги испраќаме далеку како амбасадори во Латинска Америка, далечна Африка и Азија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие таму немаат ни шифра, а ниту големи обврски. Државата многу не есапи на нив...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако таму немаше одредена работа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
немој ќерко, светла Ѕвездо - на небото ти ми личиш - не влегувај в црна земја - таму нема вишно небо - нема сонце, месечина, нема ѕвезди, мила ќерко - црна земја е студена - има само црни змии - ќе ја пијат твојта младост - твојта снага фиданлија - твојте гради негалени -твојте усти нељубени
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А словенски таму немаше, та заради тоа словенските букви не се букви од Бога.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Таа таму немаше услови да те чува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Полесно е ако не си сам в самица, ќе признае. таму нема со кого да се спријателиш. што би сакале во таа темна празнина пепертугите?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сврте бавно кон прозорецот и иако таму немаше никого тој сепак некому му се насмевна: - Како дете често сонував дека се давам во бочва со мед.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се случувааат во животот и такви работи, - им рече на иследниците, - ќе тргнете на свадба, а таму нема да ве дочекаат свирки и тапани туку тажаленки и попот со неговата молитва.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ѕвоно. Па, таму нема никој, помисли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Наслушна. Минк сериозно зборуваше со некого крај грмушката со рози и покрај тоа што таму немаше никого.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Разбирам! - подигна рака за поздрав и, откако постоја уште малку, рече: - Разбирам, ама да знаете, другар командир, дека јас таму нема да бидам добар шофер...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Роналд, ние се согласуваме со тебе, но не треба така да зборуваш пред децата, пред оние што се вон браншата”, ете тоа е главното обвинување на моја сметка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зошто таму нема место за вас?  Затоа што сум премногу директен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тетин ми, кој како сѐ уште да се бореше со изминатата попладневна дремка, жмиркаше со малите црни очиња и се обидуваше да ме слуша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Престана да џогира по часовите затоа што сфати дека таму нема кој да го види.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Реши дека мора да направи план за наредниот ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во меѓувреме, погледнав низ стаклото во рерната и видов дека таму нема ништо; немаше ништо ни наоколу во кујната, па се чудев што ќе јадеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таму горе, мајко - Циљка со очи покажа на планинските сртови - таму нема собување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Следното утро кога се пробудив отидов во дневната соба. Таму немаше никој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пелистер е чиста планина, таму нема прашина и асфалт, па да се извалкам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Па, таму нема куќи, - рече Анка, којашто се чинеше најзборлеста, и најитра од сите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Еднаш бев со мајка ми во некое мало црквиче во Капиштец и сигурна сум дека таму нема куќи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега Струмица беше непрепознатлива. Ништо од тоа што авторот веќе знаеше таму немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— А таму нема со што да го залажеш касајот, велам, да можеш да го голтнеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше поизеслива жената, а таму нема кој да ѝ позакрие, да ѝ даде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму немаше луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Па, таму немаше мачки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не знам!- одговорил овој. - Таму нема доволно место - дополнил аптекарскиот помошник“ 147.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)