тешко (прил.) - дише (гл.)

Раскрвавен, издрпан и прашлив стоеше Цепенко, со празни раце, без тагарецот, на самиот праг од вратата и тешко дишеше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред летувањето, отромавени, се влечкавме како на нозете да имавме чизми; кога ќе се расипеше лифтот, се качувавме по скалите со мака, тешко дишејќи; зјапавме во отворениот телевизор, голтајќи огромни количества кекс, потоа исцрпени, заспивавме со свртени грбови, веднаш...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа се клатеше со колковите по скалите угоре, а тој, натоварен како магаре, тешко дишеше позади неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така разговараа. Потоа уште неколцина дојдоа кај огновите да лежат кај што лежеле пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да се качувале по нагорнина, тешко дишеа, од нив се испаруваше мирис на нагорелини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко дишејќи, човекот појде уште неколку чекори и падна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Добро, можеби и не станува збор само за глупости; ние сите само се трудиме да помогнеме, кој колку може, се разбира.“ Зар не е така дарагој Семјон?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Знам дека сум досаден“ вели и сепак тргнува кон столот покрај масата, „знам дека сум досаден, но кога е во прашање мајчица Русија, спремен сум да сторам и поголеми глупости“, се смее тој и тешко дише, онака со отворена уста, и одеднаш се спушта на столот покрај масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама уште тешко дише. Со мака го истерува воздухот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)