— Тешко му, златна сваќе, тешко му! Машко за дома ли е?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедо, дали од вчудовиденост или од гнасење, подолго молчеше и мене ми се чинеше дека тоа што го доживеа тешко му беше да го преџвака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Утре кога ќе станам, мислеше, ќе го нема Денко, ќе го нема доктор Коста. Јас и дедо и - сѐ по старо!” Се исправи. Тешко му беше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ништо не го боли, а тешко му е и мачно, како да го притискаат сите камења од Чукарот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Татко ти навистина настојуваше тој срам малце да го подисчисти, но тоа тешко му поаѓаше од рака.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И си тргна Димче полека дома. Но тешко му беше да оди. Го болеше главата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)