тивко (прил.) - ги (зам.)

Слики, сеќавања, собирам полека, тивко ги редам, настрана од сите, од сѐ...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Секоја вечер нив двајца сонот тивко ги совладуваше со страст.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Влечејќи ги нозете по нерамната калдрма Петар тивко ги поздравуваше и со накривена глава го слушаше нивниот разговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во самиот напад таа се немаше здобиено со повреди, но додека (зад својот гол грб) ги сечела лисиците од изолир-трака со назабениот нож за леб ја огулила кожата од едната подлактица, такашто Френк тивко ги исчисти црвените точки и барички од кујнските плочки доде­ка Џоен ја возеше и тешеше жртвата во остатокот од ноќта, а утредента ја играше својата улога на дедо во тешката претстава на нормалност-поради-децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Можеби и нивната врска ќе се расточеше како бран скршен на карпа”, размислуваше госпоѓица Агата Голдблум додека со книгата во едната рака, тивко ги испиваше своите вечерни коњаци - доколку еден ден мајка ѝ, тогаш дваесетогишната Хана Минцер, не откриеше дека во неа расте нов живот, дека веќе два месеца носи дете, неа, Агата, тој благороден плод на љубовта со Леон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш ме расоблекоа и тивко ги посматрам луѓето, заривајќи ги прсите во брадата и наведнувајќи ја главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Знаеш“, слушам како некој ми шепоти в уво, „јас имам сосема малку доверба во тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нишанското знакче сега се претвора во текст-бар и додека со него тивко ги истражувате сликите, се појавуваат наслови на темите, кои ги има приближно 30, а некои од нив се и: “национализам”, “Босански гласови”, етничко чистење”, “воени злосторства”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)