Ако си решил малку по малку, твојата љубов да ја снемува... ќе ме снемува и мене, дел по дел од мене ќе умира... како ветар ќе минуваш низ мојот живот, и ќе ме однесеш до безживотниот брег, и таму тивко ќе ме снема во бескрајот...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Само тивко ќе ѝ шепнам дека сум мирна кога ќе се сетам на нејзиното име.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Долго време потоа денот беше одвоен од ноќта само со малиот нож на светлината, кој откако ќе се пробиеше низ тешката завеса на прозорецот, во неколку наврати ќе замавнеше низ густината на мракот, ќе направеше неколку колажи на ѕидот врз кои таа редовно ги додаваше своите воздишки, и тивко ќе се изгасеше, повлекувајќи се во денот од другата сграна, за да знаеме дека е ноќ.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Гневот тивко ќе се прибере во своето легло, од каде што ќе го испуштиш само кога мора.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Гледате, жртвите се спокојни. Не знаат што ги чека. Тивко ќе се доближиме и - цап! - амблемот го нема.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
-Тоа што го работи татко ти не е лесно, - велеше баба, - затоа мора да има спокојство во собата, а ние ќе седиме во кујната и тивко ќе ти раскажувам приказни...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Неговите малку зборови, кога тивко ќе ги искажеше, минуваа низ силни внатрешни бариери, прекршувања.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)