тогаш (прил.) - нема (гл.)

Во дваесеттите години, војната на бандите беше профитабилна тема од година во година, но сетете се дека тогаш немаше телевизиски слики или војна на банди на екран.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом е така, тогаш нема смисла и понатамошното спротивставување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, односите на нашиот народ кон Турците и муслиманите воопшто повеќе зависеше од последниве отколку од нас: ако муслиманите гледаа на христијаните како на луѓе рамни на нив, тогаш нема сомнение оти не само ќе беа најарни односите меѓу христијаните и муслиманите, ами може и да немаше востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш немаш ум. За да мислиш треба да имаш ум.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако самата земја го покрие, тогаш нема прекин, туку наредба непријателот да не помине, да не стигне до ова или она место.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ех, Кољо, Кољо... добро ти вели Јани - рече Аргир, штом така е речено таму високо, тогаш нема „та...“.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако решат да не ги иселат, тогаш нема да ги иселат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш немаше комјутери, немаше мобилни телефони, а јавувањето на телефон беше многу скапо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ако направам холограм на масава и честичките во холограмот ги распределам со истата густина со која се распределени во масата, бидејќи знам дека и масава е еден компјутиран збир од точки исто како и холограмот - ако значи со своите сетила или сознание не можам да ја утврдам разликата помеѓу холограмот на масава и самата маса, тогаш нема веќе никаква смисла да се каже дека холограмот е симулација на масата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веројатно не, зошто ако Margina #26-28 [1995] | okno.mk 41 има добра воља тогаш нема пари, а ако има пари, тогаш нема доволно воља и нема идеи...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Навистина чувствуваше единство со земјата, со самиот центар на земјата и надвор од земјата, и како нов бран од животот да ѝ протече во неа, така што таа се почувствува посилна, многу посилна од кога и да било, и тогаш немаше ни болка во грбот ни мака во срцето, туку го имаше само чувството на надуеност и набабреност во длабочината на своето тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ваква лекција по романсиерство авторот до тогаш немаше ни научено ни добиено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, ако се земе во обзир дека политичарите, партиските вождови нудат нешто повисоко, далеку од лажливите изрази на сцената, тогаш немаме ништо против нивната театарска инсуфициенција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тогаш немало како сега хармоники со копчиња и други цигулки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не – се насмеа мајка ми – беше иста ваква уличка, ама тогаш немаше асфалт, туку калдрма, камења наредени еден до друг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде на Игбал да му пишеме писмо и да го поканиме на гости. Сакаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одевме, одевме и таа застана. Се изврте наоколу, ја разгледуваше околината и не беше сигурна дали се движиме во вистинска насока.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, тогаш нема проблем! - викна восхитено Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ако веќе сакаш такво место, тогаш нема ништо подобро од една пристојна канцеларија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имајте предвид, Алексеј Максимович, дека кога метата е разделена на два дела и тие два дела се на различни места, тогаш нема во што да се стрела.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа го знаев многу добро за себе, знаев дека тогаш нема да ми биде важно ништо друго, освен мојата бол. По што? Тоа и е она најнеискажливото...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А ако не достискате, им шепотеше во себе, - ако не докрепите, тогаш нема да ви остане ништо ни за раскажување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Само штом ти велиш дека можеш да работиш сам, тогаш нема потреба, а не е ни правилно да губи и некој друг тука, фактички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш нема повеќе да мисли на друг...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Многу сакаше да присуствува на нашите журки по повод роденденските прослави и многу често му успеваше да го привлече вниманието на присутните и тогаш немаше спас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога таа се расправаше со нас секогаш беше на нејзина страна, па дури и кога знаеше дека таа не е во право.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја фотографирав нивната трошна, напуштена куќа, нивите преку каналот, дрвото во дворот, пасиштата, сокачињата во селото, бакалницата... потоа ги редев фотографиите (тогаш немаше дигитални апарати) како сложувалка за да го составам Сакулево, родното село на Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дедо ми беше партизан, а внук му?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Имав приказна од еден извор и мислев дека тоа е општ ефект или општ начин на кој луѓето се однесуваат, место да дадам и многу други информации и да видам како конкретната приказна се вклопува во нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега, ако нешто е типично, може ќе го искористам - ако не е, тогаш нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
МАТЕЈ: Што ми фали? БОРИС: Сѐ. МАТЕЈ: Тогаш нема што да менуваш. Убиј ме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Зошто тртката, мајче. - Зашто ни тогаш немало светци. Станувајте и патувајте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го зграпчил за крадечката шија и извлекол нож од објало. И му ја стругнал тртката од носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури тогаш нема видување бел ден, си помисли и тажна тага ја надлегна на срцето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како и да е, кога ја зеде дипломата каква - таква и ја затури во каселата на мајка ѝ, Горде некако се отпушти и попушти пред нивниот притисок, па одбра еден - се разбира најубавиот, не најумниот или најспособниот, за што тогаш немаше мерник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа тој рече: - Е па, кога на сѐ што ви кажам се смеете, тогаш нема повеќе што да ви кажувам! И тој тупна со ногата и си излезе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пет илјади милји да изминеш и пак да се вратиш, ти ни тогаш нема да сфатиш... веќе вредност немаш.. јас сфатив кој си...пет илјади пати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Ако почнуваме активност и имаме поставено цел пред себе а желбата и верата отсуствуваат, тогаш нема успех.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ама тогаш бев прво одделение и прв пат одев на училиштен есенски излет. Тогаш немаше тетра - пакувања, ниту целофани, ниту најлон-ќеси.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Црно - бели фотографии. Тогаш немало колор.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба уште да ги извади прстите од уста но тогаш нема да има зошто да го караме.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Освен тоа, мислам дека поетот никогаш не може да се мери со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оттаму јас за уметноста и природата - т.е. за природата како свет - мислам како за два различни света.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам, ако уметноста е совршена, тогаш светот е одвишен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку што се сеќавам, ако песната е совршена, тогаш нема потреба за палата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)