Незамисливо, би рекла неговата сѐ уште-Преговарачка партнерка кога тој тоа така би го изразил; но најдобриот доказ за Френк дека стигнал до последното П во ПБПДП е дека овие увиди, иако растажувачки, вкупно гледано деновиве му носат колку бол, толку и задоволство; задоволство што толку долго време (иако помалку отколку што очекуваше) ги имаше, ако не богатството и славата, тогаш почитувањето од своите студенти и колеги додека предаваше, нежноста на својата возрасна ќерка и возрасниот син на Џоен од нивните претходни бракови и, над сѐ, љубовта и пријателството на својата втора животна сопатничка, чии што талент и доцниот успех го радуваа барем онолку како да се негови.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)