токму (прил.) - оние (зам.)

Во освојувањето на светот најцврсто веруваат токму оние кои знаат дека тоа е невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одвај има потреба да се каже дека најсуптилни применувачи на двомислата се токму оние кои ја измислија и кои знаат дека таа е еден простран систем на ментално мамење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(“Светите бои” во “Арабеските”) малку физика, малку метафизика Постои строго определена и сосем јасно изразена тенденција кај индоевропските (и не само индоевропските) народи, за свети бои да ги одбираат токму оние бои, чијашто бранова должина - не ја надминува брановата должина на зелената светлина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во рамките на предлогот за легализација се предлага и оданочување на продажбата на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)