толку (прил.) - сака (гл.)

И колку се плашеше да се сретне со неа насамо, толку сакаше да и го слуша гласот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А толку сакам да танцувам по мелодијата на твојата душа, тука ми е во градиве, во мене, Се мислам ако притиснам да не ја снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Затоа, ете, и мудурот од Витолишча му даде тричетворица заптии да го вардат да не му ги земе некој. — Толку сака да знам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога дозна дека сум новинар од Скопје, тој се израдува и веднаш ми рече: - Прашајте, толку сакам да доаѓаат ваши луѓе тука!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ајде, жено! Не е преку свет. Ако толку сакаш да го видиш, уште утре ќе те качам на воз и правец Љубљана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со тоа често стоење пред огледалата како да открива нешто ново на себе, со таа заносна игра - колку што сакаше самата да се возбуди и ужива, свесна дека ѝ иде времето кога убавинта ќе почне да се нагризува - толку сакаше да ги возбудува и мажите што ја гледаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Станав сенка во нејзините очи, ако воопшто и толку сакаше да ме види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама никој не кажувал такви работи, сите си молчеле, а јас толку сакам да раскажувам!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ти се случува ли понекогаш, драга моја Бреза, да леташ со мислите и да одлеташ многу далеку, дури до мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку сакав да знам кај да оставам цвеќе, кај да запалам свеќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дали некогаш си помислил дека си ја сретнал личноста за која си се посомневал дека можела да биде татко ти?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Бев во потрага по татко ми - не се воздржав - а во потрагата не бирав сретства и не мислев на последиците!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само толку сакам да знам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што мислиш, зошто толку сакам пари?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Првата зима на ова војна не само возрасните единоверци, туку и нивните деца умираат како муви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја фати пак за раце и ја исправи, та почнаа да се гледаат еден со друг и да се милуваат со очите, додека везирот, што ја гледаше глетката не заповеда: – Доста, Арслан-ага. Толку сакав да знам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само толку сакав овој пат да ви речам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зимата и заборавот се сретнале некаде зад нашите допири и кога се доселиле немо, небаре љубовници се разделиле. ... а толку сакав да ти го цртам аголот на тој лелек на цветот, меѓу луѓе залутан.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Толку сакав да ти кажам, а како да не сум ти кажал, вели и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)