Колку свеќата намалува — толку дните на детето се кусат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајка си ја затекна тешко разболена; имаше уште само толку денови и сили да го благослови и да му ја каже својата последна, претсмртна желба - да не ја закопуваат како сите Акиноски дотогаш на гробиштата во Битола, туку да ја закопаат тука, во Потковицата, на гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со клучот, што толку денови цврсто го држеше ДАГ, се отвори вратата кон север.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Па кажи ми, - праша Томо - вредеше ли да се потрошат толку денови? - Вредеше и тоа како! - одговори Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Срок толку и толку дена до толку и толку саатот.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ти за тоа нема да имаш срце ни по уште толку денови гладување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Е, толку дена ја серев полициската ќелија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Толку денови и ноќи траеја борбите. Толку денови и ноќи траевме и ние.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Луѓе мои, се колнам, рацете на татенцето беа слаби, видовме, влезе во него водата, го однесе, не вадејќи го погледот од тоа чудно изделкано дрвце на полуглас, како за себе повтори: - Мајка, па погледна во Кејтен, во сите нас направи нешто што никогаш не можевме да го замислиме, нешто што не ќе може да се раскаже и со најубави зборови во својата целост, вистина, но нешто што мора да постои, што го чува човека од најголемиот мраз, нешто што неискоренливо мора да живее во човекот, во секој човек, го подигна уште еднаш дрвото блиску до своите очи и, со глас што дотогаш не го имавме чуено, изусти: - Зар толку часови по снег, зар толку денови на студ, зар толку страв, - мрмореше Аритон Јаковлески.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ние умиравме за една друга љубов, за еден друг збор, толку денови, ноќи, векови го баравме тој извор, а ваму со брливи работи ни ги полнеа главите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Крај водата можевме да пропатуваме уште толку дни и уште толку ноќи, можевме да одиме без прекин еден век.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)