Поминувајќи низ градот, па покрај Баница и низ Леринско, Воденско и Солунско Поле стигнуваат во Солун и тука, во градот, раздробувајќи се на мноштво улици и улички, го изнесуваат човека, колку и да е капнат од умора по толкуте патување, на брегот на морето - за да си ја шета душата и мислата по мапата на украдената татковина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)