толку (прил.) - близок (прид.)

Во историјата на овие краишта не се паметеше поголемо разбирање меѓу луѓето и животните: никогаш луѓето од овој град не биле толку блиски меѓу себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така значи, делото на Старова, не ни овозможува да откриеме само една капитална епизода од историјата на современото македонско општество, туку тоа ни го от­крива исто така клучот кој ќе ни помогне подобро да ги дешифрираме реакциите на овие соседи на југоисточна Европа, кои ни се истовремено толку блиски, но и толку мистериозни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Барем сега така мислев, откако Вера ни стана толку блиска.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само стоевме така едно до друго. Другите деца околу нас скокаа на една нога, си подаваа топка, прескокнуваа јаже, се бркаа околу дрвјата, а Рајнер и јас стоевме, јас гледав во него, а неговиот поглед понекогаш за миг паѓаше на мене, а потоа пак бегаше во празното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
(Претпоставувам дека една од причините што Фикцијата и СФ-от им се толку блиски на помладите читатели е тоа што, во услови на простор и време прилагодени така да им овозможуваат на ликовите да патуваат слободно низ тој континуум, и на тој начин да избегнат многу физички опасности и временски детерминираности, смртноста е ретка тема.)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Отидоа, мислеше, а знаеше сигурно дека ниеднаш дотогаш не ги сетил толку блиски, оние двајца луѓе, како во тие мигови, додека го следеше нивното исчезнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А не знаев дека си толку близок со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Настапуваше тивката летна квечерина. Се појавуваа првите ѕвезди над езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на пораката на еден од Дарвишовите стихови, кој беше толку близок со мојата егзилска судбина: Ѕвездите се зборови кои блескаат... погледај ги, ќе ја прочиташ сета наша историја: овде се родивме меѓу огнот и водата - и ќе се родиме одново во облаците кај синиот брег...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа беше, во однос на другите, осамен и далечен остров и токму затоа за Ема тој остров беше толку близок и драг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да не останеше Мајка во овој дом, да не му останеше верна на Татковиот аманет, ние, децата, не ќе знаевме за сите овие наши толку блиски луѓе кои доаѓаа небаре да посведочат дека се живи, дека сме и натаму заедно, големо распрснато семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го гледав тоа толку блиско лице, нејзиниот постојано бел тен, како бавно помодрува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми пријдуваа, никогаш видени, а толку блиски роднини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека неговата сопруга со службеникот на галеријата расправаше за некои детали на осветлувањето и обележувањето на сликите, како и за програмата на таа вечер, Френк восхитено пак ги набљудуваше самите слики, толку блиско познати, а едновремено сега толку сјајно званични, како нечии деца или студенти кога дипломираат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но Дејв го заплашуваа и го правеа несреќен стиховите кои на Ренди очигледно му беа толку блиски - нивниот дух, празен и темен како ноќ, кон кој Ренди вибрираше со толкава наклоност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мислејќи така на Пасажот, толку близок сега, ме поминуваа посрани морници!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе осум месеци како бев отишол!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Како го мислиш тоа“, го прашав.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Па, почна, тој не сака никој со тебе да биде толку близок како што е тој.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И два живота да живееш, никој нема да ти биде толку близок до твојата душа како јас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Иако ова не е она на што реферира Дерида со својот термин diffѐrance - нешто што не може да се задржи или сфати - една ваква анализа може да биде исто толку блиска како онаа што би го откривала ова нечујно својство на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Да“, рече таа, „бевме блиски“, и јас се сетив на првата ноќ во нејзиниот стан, момчето во меур и облеката од провидна фолија, се сетив на целиот зашеметувачки спектакл на нашата врска кога го слушнав нејзиниот глас како удар на чекан на рефренот „но не толку блиски“. превод: Г. Н. Ом
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Т. Корагесан Бојл (Coraghesan Boyle) е роден 1948-та во Пикскил (Peekskill) во државата Њујорк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мислам дека немав прочитано ниту една книга пред својата осумнаесета година“, вели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Жал ми е.“ „Бреда, те молам, сослушај. Бевме толку блиски.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 161
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да, бела песна, во исто време толку блиска и позната, а сепак недофатна, таинствена, далечна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да не не сум „токму”?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали е можно да постои некој кој ти е толку близок, драг и вистински, а сепак толку невистински и непостоен за сите други, освен за мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време уште не ми беше толку близок како што ми е сега, за да можам да му признаам дека ме мачи грозна љубомора и дека зависта ми ја труе душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)