толку (прил.) - едноставен (прид.)

Но и покрај тоа што зградата е обвиткана со глази­ рана теракота, ќе се држам до мојата прва импресија за новиот дом на Енди Ворхол: таа сепак личи на нешто понакитен роднина на зградата од која, според официјал­ ните записи беше убиен претседателот Кенеди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аналогијата резонира со иронија: убиството на претседателот како еден вид американска трагедија што го прослави Ворхол; Џеки Кенеди во жалост како една од Ворхоловите трајни теми; (речиси фаталниот) атентат извршен врз самиот уметник неколку години подоцна, само еден ден пред да го убијат Роберт Кенеди; веројатноста дека после Кенеди, Ворхол е првата личност во историјата на Америка со која се поистовету­ваа толку голем број на луѓе по шеесетите години; сфаќањето дека Ворхоловата уметност, исто како и убиството на Кенеди, не е толку едноставна како што изгледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гауденс - но колку што можам да се сетам, Ворхол е првиот американски уметник кој бил така почествуван од оваа земја, со исклучок на Норман Роквел, the master of Hallmark sentimentalia. (...)Од исказите на екипата која стои зад организирањето на овој проект, ова е досега најсеопфатна институција од ваков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие се, веќе рековме, гестови на улицата, а тие гестови се толку едноставни што не изискуваат никакво објаснување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Вистините кои се толку едноставни, а кои постануваа лаги ќе ги заменам со високи внатрешни прозорци преку кои ќе влезе чист воздух и мирис на пролетно изгрејсонце. Како почеток на нешто убаво.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
После сите тие грешки, погрешни избори и лажни импулси на чувства научив да сакам искрени и верно и со срцето и со умот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па сите одговори се толку едноставни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овој изум е толку едноставен што секој би можел да го измисли: две штички, оган и светилка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најголемата тајна на постоењето, а сепак, толку едноставна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите војни, сите дилеми, поради една толку едноставна болест.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И навистина, за Марша работите во животот беа толку едноставни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега се прашувам: може ли тоа да се нарече со толку едноставен збор - случка?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)