Беше толку збунет што тоа му овозможи да си рече дека треба сè добро да се промисли, дека му треба време колку-толку да се смири за да може да размисли.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се чувствуваше толку збунет што не му остануваше време да се обиде да сфати што всушност му се случува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Имате нешто... тука, - покажа Французинката со прст накај нејзината уста и концентрирано го погледна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога отвори, Ѓорѓија беше толку збунет што само се насмевна и како папагал го изрецитира текстот што го беше вежбал претходно: ѝ рече дека тој е соседот отспротива, дека испекол колачи и дека сакал да ѝ ги даде да ги проба, ете, како на нова сосетка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)