- Немој да се каеш – ме „откри” тој – секој има потреба во извесни моменти да си олесни со тоа што некому ќе му се исповеда.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми се стори претерана и затоа можеби не толку искрена.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Игбал, дали сè уште мислиш дека не сум лошо девојче? – го прашав, по малку каејќи се што бев толку искрена пред него и сè му израскажав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Меѓу нив двајцата врската му се чинеше толку силна и толку искрена, што одамна го прескокна времето на умилкување и игра: тоа време и не им припаѓаше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа беше толку искрена, што вакво нешто вештачко не ѝ успеваше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во ниеден момент тие мои добри толку искрени другарки, носени од радостите на животот, не можеа да се досетат каква болка за мене крие тој еден збор, колку ми ја изгорува душата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)