Било што било, познавам јас него, не толку лош дете, тој токо го ватил некој умот, та побегнал.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако состојбата е толку лоша, како што велиш, тогаш не гледам како тоа би можело да биде добро за уметникот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
МАЛИОТ: Зошто бе, не е толку лош.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
МАЛИОТ: Леле, немој тоа Курта!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Така Трајанка се омажи на свои четиринаесет години, во село Рајчани во услови толку лоши што полоши неможат да бидат. ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Никогаш не сум била толку лоша, озлобена, како во тој момент.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Покрај сè што имаше поминато, Дарко го немаше изгубено ентузијазмот често да ги напаѓа девојките, и тоа не со толку лош успех.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Па овие луѓе не биле толку лоши, си велам, не може да бидат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури и онаа Шнап не беше толку лоша.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- мајка ѝ не можеше да најде толку лош збор, колку што сакаше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Не е толку лоша, ќе видиш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Многу се благодарело момчето задека си го зачуало татка си.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На молбата од старио син му беше го кренал да го носит погоре во планината, арно ама го носел и тие зборои што му 'и рекол татко му сите 'и преживал во умот и си велел во мислата вака: „Проклет да би бил тој чоек што го сторил овој лош адет да си 'и носиме татковците во планинава и да ѝ остааме овде да умираат од глад, без да мисли оти што ќе стори, тоа ќе најди.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ах проклета сиромаштија - си велел сам со себе - што си толку лоша, за еден џигер метилав пол ден измет да чинам!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Зборувајќи ја вистината, тој ден не беше толку лош и непријатен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога ќе видиш, не е толку лош погледот со симнато очно перде макар што утринава, среде сласта на шесте спрема нула, малку ме разниша веста за насилството врз шеесетгодишна старица.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се загледа низ одајата, со погледот помина по сите познати предмети од кои еднаш неделно со години го бришеше правот, чудејќи се како можело пак да се нафати толку многу.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дури и татко ѝ, во тоа време, не беше толку лош; а и мајка ѝ беше жива.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Не бевме ни толку лоши, зарем не?“ „Не, а ниту особено добри.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)