Сопатничката велеше дека не била „толку умна“ да работи како нејзината сестра.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зошто се вели Турчин–будала кога овој е толку умен, си велам јас и не можам да се изначудам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На толку умни глави, до сега ќе бевме светска велесила, рамо до рамо со САД и Англија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Спротивно на него, манастирскиот измеќар, кој не беше ни толку умен како Петрета, целата ноќ ја помина во фантазии во кои немаше пречки, а мислите му се надоврзуваа бујно една на друга и се мешаа, додека тој беше секогаш најумниот и најснаодливиот, та душата му се топеше во чисто блаженство.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
— Да беше толку умен не ќе беше врзан, му велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И самиот не сум сигурен како втасавме до целта!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сте чуле ли уште за некој толку умен командант што испраќал песнопоец на мртва стража?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но тој другар Кочко со години ми испраќаше карти за неговите премиери.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А кој знае, можеби Иван Степанович самиот ѝ покажал со прст на него. На мој Ролан“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Да била барем толку умна па да побарала некој рамен во убавината на маж ѝ, ќе се ослободила и себеси а и својот пород од несреќите што ги предизвикува непромисленоста“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)