толку (прил.) - чисто (прил.)

Колку пати сакав да избегам од класот само да не го слушам тоа толку чисто, толку топло, толку искрено сакано - мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше понесен од тие мисли, во кои што беа запливани сите негови од бригадата; никој не можеше да го натера да поверува дека сѐ наоколу не е толку чисто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тој толку чисто турски зборуваше... почисто од секој Турчин... - почна да се правда командирот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)