точно (прил.) - ќе (чест.)

Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаевме кога точно ќе појдат јагулите на големиот пат. Очекуваме уште еден налет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Очигледно ја сфаќа моќта на електронските информации, коишто го определуваат светот на иднината. u Што точно ќе сторите да стигнете во иднината?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Каде точно ќе дојдеш? - инсистираше Виктор. - Во Скопје, докторе!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
3. Вие точно ќе ги известувате сојузничките офицери за врска за плановите за акција и за резултатите во горе наведениот период од 1 до 7 септември оваа година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Прво ќе се напиеме по сок во ресторанот, па точно ќе го фатиме пред да појде на пауза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)