6. Инвалидност постои кога кај осигуреникот, поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност [професионална неспособност за работа].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Професионална неспособност за работа постои кога работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност, додека општа неспо- собност за работа има кога ќе настане трајно губење на работната способност (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со парична казна од 100.000 до 200.000 МКД ќе се казни за прекршок работодавач – правно лице, ако на работник кој работи со скратено работно време му наложи да работи преку договореното време (чл. 264, ст.1, ал. 12 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)