Дури сега ми е јасно зошто баба ми трипати го напуштала.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
До трипати го обиколуваат црквичето - со свеќа во десната рака, а со левата дланка го засолнуваат пламенчето да не би да згасне - ако згасне не било на арно...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Дури и подзастанав па Бушавиот ме погледна некако зачуден и праша А што се случи? Да земам воздух, реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од филџанот ги изми сите оние работи што не можеше да ги види, иако секое утро, од некоја упорност или по навика, го превртуваше откако ќе го испиeше кафето, трипати го прекрстуваше над газерот, го ставаше на мека салфета, чекаше да се исуши, а потоа десетина минути зјапаше во шарите од исушен талог.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Трипати го видоа од под своите зелени шлемови и трипати го стрелаа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Земјата ја ставија под нозете на детето, а со водата трипати го напрска гледачката брзо изговарајќи некакви неразбирливи зборови.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)