КУРТА: Тука бил! Поткопувал одвнатре!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
- И само тогаш ли тука биле партизаните?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Првин тука била турската војска, па грчката, па бугарската, потоа останала само грчката, за потем да се вгнезди француската, па англиската, па српската армија а, еден ден, не била далеку да стигне и италијанската војска.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овој кварт, во кој се наоѓала Банката бил познат како „Франк-маало“ и тука биле сместени уште католичката катедрала, француската болница, женското училиште раководено од француски сестри, американската и шкотската мисија, солунската банка и голем број магазини на крупни трговци.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кога ќе се пристигне до највисоката кота, тогаш, како на дланка, се открива морето, сета бескрајност на морето, а некаде таму, во длабината на ширината се наѕира островот Тасос по зло познат од времето на војната, зашто тука бил лоциран фашистичкиот логор, а во него биле интернирани и многу Македонци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тука се наоѓало селото Горно Водно, точно тука било сретсело со чешма со шест шопури, а над неа голем чинар... селото го нема, чинарот го нема, од шесте шопури не тече вода, ама останало местото да се вика - Шесте чешми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И кога потерата отишла кај огнот, го нашла котлето со млеко незовриено. — Значи, тука биле и побегнале.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како и на други места, така и тука биле апсени и луѓе што немале никаква врска со Организацијата или со атентаторите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)