Ја укина сектата на бекташите, а нивниот центар од Анкара се пресели во Тирана и тука остана до 1967 година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нешто се случи. Не знам што, ама овде Германците Гала не ја гибнаа само што тој офицерот нејзин ѝ го отргнаа, сигурно на Источниот фронт го пуштија така што Гала тука остана само со срамот на образот...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Така Миклош се најде во Скопје, се најде и тука остана, чекајќи на својата задача.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И надвор се тресев и за тука остана!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А ние, тука останати, да се прибереме, огнот на огништата наши да го вардите. Да не ни згасне - никогаш!...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Пандо сврте глава кон реката, каде што жените переа волна, и рече полека: - Ајде, Нумо, да си одиме зашто тука остана смрдеа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тие, кои тука останаа, велат и повторуваат: нашите да не бегаа преку граница, сигурно нивните куќи ќе беа поголеми и поуваби.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш спомни си дека тука останале вековити воздишки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)