тука (прил.) - сум (гл.)

Ноќта помина, денот-година одминува, времето се растура, заминува низ мене, но кога ќе шепнеш тука сум до тебе, кога ќе ти речам среќа моја си, а ти ќе воздивнеш - и ти на мене, срцето бие, воздух нема, умирам, прекрасно вака, конечно будна, вистината, топлината тука е, на ниту едно друго место, освен во прегратките твои, до срцето твое, каде јас престојувам.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Бродолом Тука сум ..каде што те сретнав за прв пат.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И сега ми дојдовте вие во возбуда во изненада восхитени што тука сум виснал окружен од завидните старци.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А сепак, следниот ден по погребот, тој ми рече: Јас ќе си ја гледам работата, ама тука сум, ако нешто ти треба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас сум жена на брат ти, реков. Тука сум по погребот на тој брат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Еве дојдов - рече Игбал - сакаше да ме запознаеш, тука сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти „ѕвонеше“ упорно попладнево, јас слушнав и тука сум. Гледаш, разговараме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што се однесува до дрогите, тука сум немоќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина беше така како што Игбал ми објаснуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам многу за нив и не знам како се гледа дали некој се дрогира или не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, тука сум – помисли, повторно чувствувајќи го од неподвижното профил на Водичот надоаѓањето на темната туѓа сила, истата онаа непријателска сила која го притискаше додека минуваа низ уличките задушени од сенката на гигантските ѕидини.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Собата е напластена од дим и од твоето вознемирено дишење, мислиме – ова е брзо, пребрзо, а неговиот глас разговетно продолжува: - Но тука сум јас . . . и шахот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
ВАСИЛКА: Штом е за невестата да ми заигра во куќава — тука сум јас!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нели, за инает на необмислената резервираност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, повелете, тука сум!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на ова кадро, тој тука сум јас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еве тука сум, пронајди ме.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тука сум некаде во тоа време. Затворена. Чекам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Затоа доаѓањата се нагли, ненајавени: тука сум!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- татковино тука сум како да извика блаже конески а еве ја со мене и добронадежта сосе тешкото прашање како може да раздаваат душегрижност оние кои немаат души и кои градат куќи без оџаци и олуци?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Сашо, каде си? - го слушна гласот на мајка си. - Тука сум, мамо - одговара Сашо и се извлекува од под креветот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тука сум Ѕвездане, велам, ама поарно да не сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)