Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Го викаа Штука, а тој правеше фодулок со спортските панталони до коленици и тука собрани, сошиени од војнички штоф, и во италијанските шкарпи и чорапи високи по цеваниците и сѐ друго војничко и прекроено на себе. Тоа траеше првите години на војната.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)