Ќе поминат десет минути, уште десет ќе поминат и еве ти го Мирко пак.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Поприродно беше да се постои од момент до момент, да се прифатат уште десетте минути живот, дури и кога со сигурност се знае дека на крајот следува тортура.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова големо акционерско друштво, со прилично сложена структура и внатрешна организација, во своја сопственост има уште десет други трговски друштва – меѓу кои и „Охис Пласт М“ ДООЕЛ – Скопје, кадешто конкретно работеше и X.Џ и каде имаше околу 300 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Идат пак лиферантите, проматарите: - Го искачиле уште десет метри топот, велат, Германците го искачиле уште десет метри, погоре, топот. Ако го искачат до врвот, ништо не ќе се види, велат, ни од вас ни од нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во оваа фабрика, која е најпозната по производството на прашоци и детергенти, беа вработени околу 1.500 работници, а Х. Џ. пред настанување на подолуопишаниот спор имаше работен стаж од 26 години во истото друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)