Имаше во мојата свест напластени наивни изговори во прилог на улогата да се патува во Албанија, наивни занеси дека таму, во родната земја, каде што Сталин уште владее, не можеле преку ноќ да ја убијат илјадалетната беса, големото гостопримство, постојано отворената врата за туѓинецот и безусловното жртвување и многу други вредности со луѓето макар што во вечна изолација и одбрана се одржуваа, истрајуваа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека во котлините и трапишатата сѐ уште владее мракот, тука на Горуша, Круша и Бел Камен рано надоаѓа зората - пројаснета и румена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)