уште (прил.) - којзнае (зам.)

Беше уште потежок кога го отвори сандакот, каде што си ја држеше храната, и кога откри дека ја нема уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оливие зборуваше долго и без прекин... Уште којзнае колку долго ќе зборуваше да не се подотвори вратата од црквата и студениот воздух допре до нас.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се прогонуваа една со друга толку спокојно, и надоаѓаа во неоретчени налети, како горе да ги имаше уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)