Имено, ситуацијата се усложни уште повеќе кога во меѓувреме, во текот на постапката, со Решение II Л.бр. 20/05 и 26/07 донесено од Основниот суд Скопје I, во ноември 2005-та, е отворена ликвидациона постапка над „Водостопанство Вардар“ – сметано од јануари 2004 (а како ликвидатори беа назначени прво М.Велинов, а потоа Т.Мартиновски – согласно Глава IX од тогаш новиот, а сѐ уште актуелен Закон за водостопанствата [2005], којашто носи наслов „Престанок на работа“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
39 Ова имплицира дека некој намерно го ставил случајот на страна, сè со цел факторот „време + трошоци“ да ги натераат тужителите сами да се откажат од тужбата, што и делумно го сторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4 Овој закон, за време на дванаесетгодишниот период на неговото важење, имаше дури единаесет интервенции, 5 за во 2005 година да биде заменет со новиот, и сѐ уште актуелен, Закон за работните односи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)