Деница Кирова е од онаа, барем кај нас сѐ уште ретка, категорија работници кои храбро се борат за своите права, а со акумулираното искуство денес е особено спремна на секаков вид индивидуална борба за правата кои и следуваат од работниот однос но, сепак, таа со право додава дека синдикатите треба 142 да бидат главните организатори и двигатели во борбата за почитување и зголемување на работничките права. 1. Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.II.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сѐ уште ретките живи сведоци го паметат тој далечен, кобен чин на омразата, подлоста и неизбришливиот резил, но обессилени од стравот, немо го врват патот долж ’рѓосаната бодликава жица...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но, да биде иронијата поголема, овие кои молчеа и не се одважија да тужат си останаа да работат и понатаму како „инвалиди на трудот“, а нивните побарувања за на име хранарина беа дури и поголеми од оние на Кирова која нели, уште на почетокот на спорот, „доброволно“ го отповика решението за скратено работно време!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)