уште (прил.) - и (чест.)

А зарем мртовецот знаеше што е „тоа“!!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но стигна уште и да каже: „Јас тука ништо не можам“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не оти немало што да се јаде. Имало. Но, како снаа, морала да се однесува скромно и да не биде прва што ќе земе, а за тоа време членовите на големата фамилија, па уште и комшии, момоци и чираци, го довршувале јадењето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но обопштувањата се едно, а друго е на своја кожа, на кожата на еден предок на Никола Поцо, уште и учен и чувствителен, да го сетиш подбивот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам дали му се оствари сонот, дека таму, како бојаџија и уметник пресликувач, ќе стане богат и, можеби, уште и славен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како е можно луѓето да се неблагодарни, па уште и проникливи, како што велиш?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Многу полезен.  И гледај: На големата површина распослана покрај морето меѓу стелите и преполовените мермерни столбови се појавуваат слатки мечиња, берлински производи наполнети со слама и дисциплинирано маршираат меѓу плочите на гробовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
manirism Генеалогија на револуционерното Ликот на Пармиџанино го создаде ликот на европскиот манирист а едвај препознатливиот простор што лебдее околу него извесно претставува поетски лавиринт, иако сѐ уште и божји.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А сега поинаку зборуваш. Уште и ни се закануваш! Предизвикуваш!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нѐ остаија на улица па сега уште и ракија ќе ни забрануваат да праиме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Луѓето овде чекаат, а вие сте уште и безобразна!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И уште и секој нов затрчан меѓу темните дрвја и уште со првиот скок судрен со тој ужасен сплет и исчезнат во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тишината на собата Змејко можеше да го до чуе уште и здивот на тоа вчудовидено срнче, кое, и покрај сите свои притајувања, сепак мораше да го даде тој знак на своето постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Секако“, мислам богохулејќи, „во такви случаи боговите помагаат, испраќаат коњ кој го нема, поради итноста додаваат уште еден, па уште и те даруваат со коњушар.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ставаат пред мене чаша рум, стариот ме тапка по рамото, предавањето на тоа богатство ја оправдува интимноста присутна овде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Освен антрополошките особини, постојат уште и разумот, правдата, вистинитото, убавото, значи некакви вредности исти за сите луѓе”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Малку ли му се текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, малку ли му е заработувачката од дејноста што му ја овозможивме да влечка жени од Солунското пристаниште до кај нас, па уште и со статус на шеф на транзитната служба? – началникот си земаше слобода гласно да говори во мое присуство, очигледно свесен за тежината на проблемот од ваквата инволвираност на Гркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На крајот од записникот се вели уште и ова: „Дополнително појаснување на предлогот и проектот за изградба на браната, даде другарот Угрин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе уште и стриктна забрана за секаков вид психичко вознемирување на работно место – мобинг.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тука би споменале уште и дека, со четвртата измена на ЗРО (2005) – од октомври 2009, се интервенираше и во делот на автентичното толкување на употребените поими и термини во самиот закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште и милуваат и да ги повторуваат и потретуваат старите соништа За што на пример говорат четирите руски опсади на Цариград Колку пати дошле толку пати и си отишле од пред Цариградските ѕидини И којзнае дали до ден денес разбрале Дека повторувањето не е мајка на победите Како што од друга страна никој не знае Што ќе учевме за светската историја Ако успееше една руска опсада на Цариград И до каде по многу години ќе довстасаа ѓулињата од Аврора Ако се случеше да бидат испукани од Босфорот И ќе имаше ли воопшто историја на харемите Ако комсомолки пееја ударнички песни Како што денеска на плаѕбацк пејат оџите од минарињата Тоа е многу откачено и замрсено прашање Од него произлегува и прашањето за балканскте сонови и митови Во времињата по последната руска опсада на Цариград во 1043 година При што неизбежно е и прашањето Зошто и руската опсада на Цариград Ја снајде истата судбина како и Самоиловите војници Та да не знаат дали се вратиле и каде се вратиле Отшто до еден биле ослепени Под цариградските ѕидини Ден денес ќе забележите слепи играчи на шах На кои фигурите им ги мрдаат убави моми Нив може да ги најдете и во некој запис На Јосиф Бродски и Орхан Памук Понекогаш си ги кубат косите сакајќи да враќаат потези Заборавајќи дека во историјата се е такнато макнато А историјата отпосле им дозволи на Русите Конечно да ја освојат Капали чаршија и цел Стамбол Во туристички групи и со полни ќесиња транзициони пари Се паметат и неколку словенски опсади на Солун Како што утре ќе се паметат и словенските шопинг-инвазии на Солун Сешто паметат и ќе паметат Словените Ако уште од оној Енгелс ги бие глас Дека тешко сфаќаат а бргу забораваат Навистина сешто паметат Словените Само што понекогаш од пуста тврдоглавост Ги забораваат баш поуките од запаметеното А некои од нив испојавнати на мали букефалчиња Не знаат баш каде одат ама севезден итаат.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Уште и на гостин така да му правам! - слушнав само еден тап звук и претпоставив дека тетка ми му удрила една заушка на братучед ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетин ми гледаше во чинијата пред себе, а децата молчејќи гледаа во скутовите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А кај тебе таа светлина во очите е уште и како некоја светлина од височини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)