Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Воопшто не им пречеше тоа што тие во своите раце веќе цврсто држеа зрела убавина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Напишала дека “заминува во подобар Живот”, а потоа скокнала низ прозорец цврсто држејќи ги Билблијата и распетието во раце.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сè уште на границата на фетишизирање на телото, сè уште цврсто држејќи се за телото, сè уште заробена во идејата за рушење на ренесансниот мит за дуализмот меѓу духот и телото со рушење на интегритетот на телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Каде тука спаѓа Орлан?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Една од “мајките” се проби до пајтонот и со молење успеа да го, поведе Ѓорѓи со себе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пајтонџијата го фати за рамо, ама момчето, цврсто држејќи се за наслонот од седиштето, клоцаше и викаше: - Не!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
7. Со каиши на нозете ги прицврстив качувалките а во обете раце цврсто држев по една поголемка вакуум-гума за одзатнување на одводни цевки.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ја прегрна и, цврсто држејќи ја, велеше дека мајка среќа немала синот единак да го порасне и невеста за одмена да и донесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)