Од тие причини, Британците биле решени со сите можни средства да се спротивстават на секој договор меѓу Југославија и Бугарија што како таков би бил само „првиот чекор кон евентуална федерација“, а во која, тие биле сосема сигурни, дека „првенство би им се дало на југословенските аспирации спрема Грција“. 148 Колку и да настојувал Черчил преку формирањето на единствената југословенска влада да задржи нешто од британските интереси во Југославија, сепак дошол до сознание дека Тито е еден од најголемите приврзаници за што поцврсто единство на КП и источноевропските земји на „народната демократија“, под неприкосновеното водство на советската партија и Сталин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тито бил заговорник на идејата на монолитно еднинство на европското комунистичко единство на европското комунистичко движење со раководен центар во Москва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)