И уште нешто: касметот, колку и да е сложен, често неразбирлив, неочекуван, во животот има само еден разбирлив момент, а тоа е дека човекот нема да дознае никогаш кој е!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Особено во споредба со Холивуд, кадешто техничкото совршенство е императив на професионализмот, Ворхоловите филмови се работени крајно аматерски: тон со лош квалитет, често неразбирлив и таинствен и бука од off просторот во звучните филмови, неизострена и неквалитетна визуелна текстура, излегување од фокусот, осветлени делови на филмот итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во филмовите на американската авангарда имаме наметливо отфрлање и разбивање на сите закони врзани за комерцијалниот филм, не само во однос на естетиката, туку и во однос на чистата техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За да биде уште поуверлив, Камилски по обичај своето тврдење го зајакнуваше со мислата на голем поет или филозоф.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)