често (прил.) - ќе (чест.)

Често ќе чуел од неа некој сожалив збор упатен кон него тешејќи го или влевајќи му надеж и храбрејќи го во мигови на разочараност и депримираност да издржи, зашто такви судбини има многу на земјава, дури и полоши, потрагични од неговата - а сега никако.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овој џип за време патувањето често ќе нè следи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев почестен да го читам Вашиот текст и Ви ветувам дека често ќе се навраќам на него бидејќи знам дека е безвременски!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
В село, за некој здрав, силен маж често ќе се речеше дека е „како Јурук“.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ваквиот тип на трансформација при кој се зачувува сета информација често се нарекува изоморфизам, термин кој често ќе го среќаваме во книгава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Често ќе добиевме чаша млеко или парче леб со козји кајмак.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај сите домашни обврски, често ќе нè посетеше на нивата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Често шеташе околу селото, по бавчите и шумата, ги посетуваше плевните и кошарите, одеше на сите оние места каде што одеа заедно, го чувствуваше нејзиниот здив како да е тука и кога ќе му засенеше нешто, помислуваше дека е таа, и нагло се свртуваше, но и сенката исчезнуваше - никаква трага од неа; седнуваше на истите оние места или предмети каде што седнуваа заедно, замижуваше и си создаваше илузија дека е таа тука крај него и молчи, како што често ќе примолчеше кога доаѓаа миговите да се гушнат или бацат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)