човечки (прил.) - душа (имн.)

Заплетот го замислив во вистински европски воени околности, кадешто овој анатом трага по човечката душа, верувајќи дека оваа е опиплива како црниот дроб или бубрегот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но човечката душа се навикнува на се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е извор на радост и извор на страдања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мене ме интересираше нешто друго- говорот на очите, одразот на човечката душа во самите нив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Токму фактот, дека на душата во нејзиното делување и е потребна на некој начин соработка со телото, според Аквински, докажува дека човечката душа се наоѓа на понизок степен на умност од ангелот кој не е соединет со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така на пример, Тома Аквински го застапува мислењето дека телото не е составен дел на душата, но душата по својата суштина е наклонета кон соединување со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Треба да се каже дека вистинското задоволство нема да биде достижно ако работите не ги поставиме така човечката душа да биде зафатена со паника и очајување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чудно е, вистина е, но се чини дека се работи за една константа на човечката душа да најде смирување во верувањето дека несреќите кои се случуваат биле на некој начин најавени, запишани во ѕвездите!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
4. Против преценувањето на нагонскиот живот кој ја разорува душата За благородништвото на човечката душа Школата на Freud, списанието Imago
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа ја испружи раката кон Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Психоанализата е нешто многу повеќе, нешто многу посуштествено, уште самото нејзино име ви го кажува тоа: од психе – душа…,“ пијано објаснуваше брат ми, а доктор Гете, засмеан, го прекина: „Казанчето многу ефикасно го чисти изметот од тоалетната шоља, драг колега, но не сум сосем уверен дека вашата психоанализа може да го исчисти изметот од човечката душа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)