чујно (прил.) - изусти (гл.)

Круме никогаш не ги коментираше овие работи, но една дождлива вечер, кога се враќавме од Прифатниот центар со папка материјали што ни ја подготви Илона, застана со волвото на една лединка крај патот, го изгасна моторот, ја стави главата на воланот, и за себе, едвај чујно изусти: “Ние не сме веќе иследители.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка прекина, воздивна длабоко, погледна на околу и тивко, одвај чујно изусти: - А дедо и баба и мајка и татко и сите ние рожбите нивни дома секогаш вака си се крстевме и велевме: слава Отцу и Сину и Свјатому духу и ниње и присно и во вјеки вјеков... Амин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)