Него особено го револтира што таква потребна програма не успеа да прокламира ни една толку силна и така широко поставена револуционерна организација во Македонија, како што беше ТМОРО, туку најважните прашања си дозволи да ги остави да се решаваат „подоцна”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Белиот ангорски мачор, со своето меко и сребресто крзно, со широко поставените жолтозелени очи и со розовото и нежно обликувано носе, беше постојан другар на Милан.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Не зборувај и слушај! - викна очаблавениот командир на четата кој стоеше со широко поставени нозе во калта и со едната рака си ги триеше градите. Левата му остана на Кајмакчалан.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)