ѓоа (прил.) - не (чест.)

Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Поминал царот со зетои си и со сета војска и кога виде ќелешо кај туку се кашкал со коњот во батакот, многу беше се устрамил и се препраал ѓоа не го гледат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ѓоа не забележуваме дека ѕвездите ни се топат во очите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кога виде таа војска таков јунак, трештила и избегала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Кажи, ќерко, слободно“, ѝ рече пак, ѓоа не ја открил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)