И сѐ најнапред треба да се свари во ретортите на сопственото мислење, во форма што на овој степен од развојот нашето јавно мнение сѐ уште не може ја инкорпорира во градбата на својот цивилизациски модел; но кога работата ќе зоврие во вас, таа веќе е тука.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Единствено така, бавно, се подготвува и оспособува сé уште слабичкото јавно мнение за критериумите, за цивилизациската мера и ниво.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Распојасани поими, стигматизирана и со кус здив метафорика, идеологизирана сфера на логотетство... тоа е „формата“ на нашето јавно мнение, наметната и секогаш наметнувана со политичката сила на авторитарните смени меѓу мрачните патријархални позиција и „опозиција“.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)