ЗИДЗРО (1997) ја ограничи обврската за јавно огласување само кај јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, државен орган или орган на општината, односно градот Скопје (чл. 3, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По оваа промена, приватните работодавци имаа пет можности, при што и натаму постоеше можноста на вработување работници преку јавно огласување, но беше спомната и можноста за обезбедување работник, директно од страна на самиот работодавец, без огласување – со склучување и заверка на договор за работа (чл. 2, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Исто така, престана да постои и одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен потребата од приправник да ја пријави на организацијата надлежна за работите на вработувањето, заради јавно огласување (чл. 6, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)