1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А потоа и самиот не знаев колку долго траеше тоа попладне и ноќта, (а можеби и не било само едно попладне и само една ноќ), знам само дека разговарав со тројца: со Зрновски, со неговата сопруга Јана и со Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или, што е уште полошо, може да се случи, како што и самиот помислив, Асенета или Аристин да не најдат никого со кого би го испиле чајот за двајца околу пладне во градината крај црквата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не знам дали требаше да претставува шега она мое шепотење во увото на Катерина од кое можев да издвојам само едно јасно прашање, она, кога ѝ ветував дека ќе ѝ донесам леблебија, само ако ги отвори очите за да ја здогледа светкавицата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оваа приказна, значи, е претворена во продавница за љубовната напивка, но таа напивка, како и сите други магични напивки не е безопасна. * На ова место одеднаш прекинав со пишувањето, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто ја лажеш?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
* На ова место по вторпат прекинав со пишувањето на приказнава, бидејќи во духот ми се јави кристално јасно прашање: – Зошто го лажеш?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)