јасно (прил.) - зошто (прил.)

И онака, вели, не му е јасно зошто Симон му ги оставил на чување, што ќе му се, кога таа веќе му ги вратила, откога сфатила дека на него не може да се надева, дека тој абер нема да се разведе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имавме една учителка Илонка која посебно се грижеше за нас, само што не и беше јасно зошто ние учиме грчки, а грчињата не учат македонски и ни велеше... нели сте сите грчиња!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не му беше јасно зошто тој растечки притисок воопшто ѝ е нужен на неговата земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа е јасно зошто не ги интересира психоанализата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оттука е исто така јасно зошто филмот ги изневерува нашите очекувања, зошто не е „хичкоковски”: недостасува за него специфичната внатрешна, вертикална удвоеност на ситуацијата, кога постепено се појавува грозната содржина, што се крие зад површинската идилична маска - во Чамецот за спасување е речиси од самиот почеток сѐ јасно, веќе самата појдовна ситуација е грозна и егзистенцијално заострена, единствената „тајна” е дека е Вили уште позлобен отколку што се чини, и дека ги водел во погрешна насока, кон германскиот брод за снабдување...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Рекламата во весникот тоа слабеење му го припишала на измисленото средство Re- duco, а резултатот бил дека стотици дебели луѓе му пишале на Хичкок и му барале податоци за тоа чудесно средство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стоев зачуден, загледував, не ми беше јасно зошто се смеат, затоа што книгата „Двојната Лота“ не сум ја читал.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И наставничката одвај се воздржуваше да не се насмее.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пукна вистинска експлозија, што ги зафати и машките.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше војводата Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не му излегува од глава на чистачот на чевли на Plaza de Armas сликата на љубовниот занес на папагалите што утринава ја виде во градината зад катедралата во центарот на Лима (му дојде да ја запее онаа македонската: пилето ми пее рано насабајле, ама не ги знаеше зборовите) сетуку погледнуваше на евтиниот рачен часовник од погледот му се цедеше ту меланхолија, ту нервоза оти навистина не му беше јасно зошто денеска доцни на редовното чистење чевли господинот Хозе Марио Педро Варгас Љоса - сетики се сеќавате, тоа е оној господин со убав шешир и уште поубави очи, оној што прв го виде лудакот на балконот со жалузини над крчмата Катедрала во центарот на градот, оној што се давеше во чича и папсуваше од vals peruano кога ќе почнеа веселите карневали во Лима која веќе ја нема.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На вистинските пирати никогаш не им стана јасно зошто не ги сликаат нив туку некакви нежни глумци кои не знаат да си ја врзат прописно ни црвената шамија на глава.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тоа веројатно важи и за критичарите.  Не ми е јасно зошто служи оваа глупава анегдота.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Никогаш не ми било јасно зошто оваа улица уште се викаше Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, ако е тоа така, тогаш не ми е јасно зошто јас сум андер­граунд, кога мојата единствена желба беше луѓето да ме забележат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поголемиот дел од нив веројатно ќе бидат изненадени од сознанието дека поседуваат посебен комуника­ци­онен стил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле ми стана јасно зошто морам да изнајмам ателје надвор од својата куќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, дали тоа истовремено значеше и дека тие се “уметнички” или “валкани” или “откачени” или “без заплет” или “скокотливи” или нешто сосема единаесетто?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои подобро фунционираат во почетокот, а некои кон крајот на неделата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да бидам искрен, јас немам поим што значи тоа: андерграунд, освен ако под тоа не се подразбираше дека ти не сакаш никој да дознае за тебе и да те вознемирува како што тоа го правеа за време на Сталин и Хитлер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Платната се наоѓаа низ целата соба, додека бојата течеше секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се распрашував кај сите мои пријатели дали знаат некој “уметнички клинец” кому му е потребна работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако ова се знае, тогаш е јасно зошто една иста личност може да “варира” во стиловите и повремено во неа да постојат повеќе стилови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега му стануваше јасно зошто магарињата ги товареле по двете страни од грбот - не да им биде полесен товарот, туку тој што порамномерно да им натежнел до земјата додека не им излезе душата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Грдан се чини не му беше јасно зошто ја гледаше бело, па Горда се наведна поодблизу да му објасни, толку доверливо што шепотеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега ми е јасно зошто не е во редовите на нашата Партија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но и нејзе не ѝ беше јасно зошто не му го спомнува името, туку само ја пишува буквата Б.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мене ми стана јасно зошто Лествичникот, во часот кога татко му умирал на рацете негови, ги украл двата листа од претсмртните ливчиња на Мида и само две ливчиња оставил за нас, другите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Препис учинивме, умножение од тој запис и го решивме“, рече Филозофот (Не ми беше јасно зошто цело време вели „ние“, кога сам се подвигуваше Филозофот, нека му е слава во Станот Небесен, но и мене ме стави до него, не ме заборави, како Господ што рече: „И каде ќе одам јас, таму и слугата мој со мене ќе оди!“).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отпрвин, не ми беше јасно зошто ми пишува тој Џеф.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, овака преврзан, не ми е јасно зошто го развлекол лицето во кикот. - Заради апендиксот. - ? - „Апендиксот на сласта“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога се уверив дека Французите јадат многу малку леб тогаш ми стана јасно зошто Французинките беа витки каква што беше и самата Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Животот во воено време Сѐ уште не му беше јасно зошто во овој миг чекори како што чекори и не умееше да си објасни каде оди со толкава сигурност во нозете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш не му беше сосема јасно зошто сака да се качи на првото превозно средство и да замине.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога на местото на Сибил Вејн би ги ставил актерите и управителите од нашите театри, а на местото на Доријан Греј нашите политичари, тогаш ептен ќе ни стане јасно зошто театарот ни е во таква состојба, па се губи во формите на имитација или како што стои запишано во романот на Вајлд: „Дури и необразованата публика од партерот и галеријата изгубија интерес за преставата“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега ми е јасно зошто не си ме разбудил цела ноќ?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Си заминуваше од ранчот Алтито, на крајот од тримесечната посета.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А мене сега, кога станав повозрасен, веќе не ми е јасно зошто сум ги кажувал тие зборови, зошто сум се шегувал...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега ми е јасно зошто не ги сакам телефоните.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кутриот Хелвиг. Ѝ стануваше јасно зошто тој се чувствуваше така весело, среќно кај нејзините дома, со сета нивна сиромаштија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не ми е јасно зошто би бил толку голем освен ако содржи огромен број плочи. Тоа ли е причината?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со нив му стануваше јасно зошто толку многу се намножуваа границите на Балканот, по падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Твојата пријателка ја изнесе вистината и не ми е јасно зошто се засрами“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Погледот не можев да му го доловам: - Еден ден, и не ми е јасно зошто, меѓу неговото отежнато дишење и благиот шум на машините, ја зграпчив чашата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се чувствуваше преморен. Не му беше јасно зошто се наоѓа на подот во фитнес-клубот во четири часот наутро.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А сега, добри мои, ќе ви раскажам две случки па ќе ви биде јасно зошто на почетокот на овој наш разговор ве предупредувам да гледате како и врз што газите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тато, - се свртев кон него, - не ми е јасно зошто в училиште за планините учиме на толку здодевен начин?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И тогаш ми стана јасно зошто нè казни командантот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден Добрила нешто ја навредија, па таа налутено му се врекна на еден новопромовиран шеф: До вчера се криевте по шифоњерите, а сега ќе ми солите ум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури сега ми е јасно зошто баба ми трипати го напуштала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само не ми е јасно зошто требаше толку да се намачиме двајцата, за да го сфатиш тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Баш и не ми е јасно зошто толку ја радуваше таа констатација, но ете, се случува сешто по народот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ми е јасно зошто сега ми станаа толку значајни тие смешни, но удобни гумени бели влечки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никако не ми е јасно зошто и мене ме обвинуваат дека ми влегол ѓавол, кога всушност самиот ѓавол е брат ми. Никако да му се погоди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не му беше јасно зошто е така најдобро и зошто сум толку радосна токму поради тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)