а (сврз.) - него (зам.)

Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беличот како да имаше однапред смислен одговор на ова неизбежно прашање. – Јас не бев тогаш дома, а него не го примиле. – Зошто? – Бил малечок. – Колку години имаш? – Кој, јас ли? – Ти. – На Петровден наполнив осумнаесет – излага Беличот. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го бараат Зоки по скалите, пред зградата, на балконот, на долниот кат во станот на неговата пријателка Лидија, а него го нема и го нема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Само што ќе ни се запрат очите на некое селце лево или десно од патот, а него веќе го нема.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само еден брат имав, а него можеш и надвор да го истераш, може и в плевна да спие, машко е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се вртам, се шукадарам во собата, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како те пуштија тебе, Неделко, прашувам, а него - не?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се споулавеше таа. Врвеа денови, а него го немаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)